ЕК го објави извештајот: Без напредок во судството и борбата против корупцијата, загриженост поради измените на КЗ

од Nikola Popovski
185 прегледи

Најновиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ покажува дека изминатата година не бил постигнат никаков напредок во ниту една од клучните области во првиот кластер од преговорите. Се работи за судството и борбата против корупција, реформата на јавната администрација и демократски институции.

Во документот се посочува дека властите во земјава постојано изјавуваат дека пристапот во ЕУ останува нивна стратешка цел, но некои чекори како измените во Кривичниот законик, кои се однесуваат на голем број случаи на корупција на високо ниво, предизвикаа сериозна загриженост.

Од ЕК истакнуваат дека корупцијата останува распространета во многу области и како што велат, ова прашање е загрижувачко.

Во Извештајот се наведува дека како земја која преговара со ЕУ, Северна Македонија треба да ги спроведе реформите поврзани со членство во Унијата, вклучително и во областите на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во јавната администрација и управувањето со јавните финансии и јавната набавка.

Парламентот и владата се обврзаа да започнат и да ги постигнат како приоритетно релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, како Бугарите.

Се истакнува и дека процесот на преговори за пристапување во ЕУ бара широк консензус од главните политички партии.

-Парламентот и владата се обврзаа да започнат и да ги постигнат како приоритетно релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, како Бугарите, стои во Извештајот.

Според ЕК, земјата продолжи целосно да се усогласува со сите одлуки на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ по руската агресија врз Украина, а придонесе и во справувањето со миграциските текови кон ЕУ преку соработка за реализација на Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан.

ЕК посочува дека со нетрпение очекува брзо и решително следење на скрининг извештајот за Кластерот 1, вклучително и во однос на патоказите на земјата во согласност со Рамката за преговори, со со цел да се отвори првиот Кластер до крајот на оваа година.

Владата беше пофалена за посветеноста на процесот на интеграциите и усогласеноста со надворешната политика со ЕУ. Од друга страна пак опозицијата беше критикувана за опструкциите во парламентот.

Земјава беше пофалена дека има одредено ниво на подготовка во борбата против организираниот криминал.

-Постигнат е одреден напредок во текот на извештајниот период. Земјата продолжува да има добро ниво на оперативна соработка со земјите-членки на ЕУ, соседните земји кои не се членки на ЕУ, Европол и Европравда. Треба да се направи повеќе за да се подобри ефективноста на спроведувањето на законот во борбата против одредени форми на криминал, како што се перење пари и финансиски криминал. Северна Македонија треба да ја усвои и спроведе потребната легислатива за регулирање на активноста на Канцеларијата за наплата на имот. Капацитетот на Националниот координативен центар за борба против организираниот криминал треба да се подобри. Координацијата останува клучна за сите чинители вклучени во борбата против организираниот криминал, вклучително и меѓу обвинителството и полицијата, стои меѓу другото во Извештајот.

Слични содржини