Украинската воена разузнавачка агенција денеска ја презеде одговорноста за убиството на пратеникот Михаило Филипоненко во Луганск, во експлозијата на бомба поставена под неговиот автомобил, во, како што рече, операција што ја извршила со локални сили на отпорот.
Филипоненко беше еден од највисоките команданти во армијата на самопрогласената Луганска Народна Република, објави „Гардијан“.
Агенцијата објави дека Филипоненко загинал рано утринава во експлозија, пренесе Ројтерс.