(ВИДЕО)19-годишна девојка со потекло од Македонија киднапирана од Хамас, се бара помош за нејзино спасување

од Nikola Popovski
418 прегледи

По дел од светските медиуми и портали се шири снимка на која 19-годишната Наама Леви е удирана во џип во Газа, со врзани раце зад грб, а нејзината сива тренерка била облеана во крв. Вака западните медиуми пишуваат за девојката која има потекло од Македонија.

Според ВОА на македонски јазик, девојката била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата ја пренела Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката.

„Ми се јави господинот Шаул Леви, кој има корени од Македонија, и побара да помогнеме на кој било начин да се ослободи неговата внука. Има докази и видео од нејзе“,  изјавила професорката Друмер.

Тинејџерката е само една од многуте заложници кои беа оттргнати од нивните домови на 7-ми октомври. Според информациите, таа е мировна активистка, посветена на израелско-палестинскиот дијалог.

На социјалните мрежи веќе е објавено и видео од девојката, на кое се гледа дека била малтретирана. Преку видеото се бара помош за нејзино ослободување. Барање за помош е упатено и до Еврејската заедница во Македонија, за да се потврди нејзиното македонско потекло.

Во тек се преговори за постигнување тридневен хуманитарен прекин на огнот во Газа во замена за ослободување на десетина заложници кои ги држеше Хамас, пренесува АП.

Ова го изјавиле две официјални лица од Египет, еден од Обединетите нации и западен дипломат, кои под услов да останат анонимни зборуваа за чувствителните дипломатски напори.

Слични содржини