Руската армија продолжува со обидите да ја опколи Авдијевка

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Руските сили продолжуваат со обидите да ја опколат Авдијевка, соопштија денеска украинските воени претставници.

Портпаролот на 110-та оклопна бригада Антон Коцукон изјави дека на три страни од градот се концентрирани околу 40.000 руски војници.

„Нема индикации дека Русите ќе се откажат од своите планови да ја опколат Авдијевка“, рече Коцукон, пренесе „Ројтерс“.

Според него, руската армија си игра „мачка и глушец“ со нив, со тоа што користи голем број беспилотни летала, а истовремено распоредува артилериски сили за зајакнување на одбраната на градот, пренесува „Танјуг“.

Генералот Олександр Тарнавскиј, командант на јужните сили на Украина, рече дека нивните војници околу Авдијевка „цврсто ги држат одбранбените позиции“.

Слични содржини