Украина ќе може да го надмине унгарското противење за влезот на Киев во Европската унија, изјави денеска украинската министерка за евроатланска интеграција Олга Стефанишина.
Европската комисија препорача оваа недела 27-члениот европски блок формално да ги започне преговорите за пристап откако Киев ќе ги исполни преостанатите услови, вклучително и зголемена заштита за националните малцинства.
Сепак, унгарската влада се заканува со вето на следниот самит на ЕУ во декември, каде што лидерите на европските влади мора да го ратификуваат предлогот на ЕК за Украина, наведувајќи го како причина кршењето на правата на унгарското малцинство во Украина во регионот Закарпатија.