Џаред Лето стана првиот човек кој се искачил на врвот Емпајер Стејт Билдинг

од Vladimir Zorba
318 прегледи

За да го прослави почетокот на турнејата на неговиот бенд Thirty Seconds To Mars, актерот Џаред Лето одлучи да влезе во историјата и да се искачи на Емпајер Стејт Билдинг.

Во четвртокот, оскаровецот стана првиот човек кој се искачи на врвот на Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк. „Јас успеав, жив сум, стигнав до врвот. Само кажував дека ја видов мајка ми на прозорецот од 80-тиот кат и беше убаво изненадување“, изјави 51-годишниот музичар и актер денеска по искачувањето.

„Неверојатно е да се гледа како сонцето изгрева над град кој ми значел толку многу од детството. Њујорк беше место каде што одевте за да ги остварите вашите соништа. Како дете сакав да бидам уметник и Њујорк беше место каде се стануваше уметник. Емпајер стејт билдинг отсекогаш бил тој симбол за мене. Како што можете да видите, тоа беше голем предизвик“, додаде тој.

И покрај успехоѕ, Лето призна дека историското искачување било малку потешко отколку што очекувал.

„Искрено, бев повеќе возбуден отколку нервозен. Беше навистина, навистина тешко. Беше многу потешко отколку што мислев дека ќе биде“, рече Лето.

Светската турнеја на бендот Thirty Seconds To Mars треба да започне во Јужна Америка на 15-ти март, потоа да се упати во Европа и Северна Америка, а треба да заврши во Нов Зеланд на 19-ти септември.

Слични содржини