Што се случи со стаорецот кој Џаред ѝ го подари на Маргот

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот и музичар Џаред Лето конечно одговори на гласините дека ѝ испратил мртов стаорец на својата колешка Маргот Роби на снимањето на филмот Suicide Squad.

Веќе подолго време кружат гласини дека Џаред Лето се обидел да се соживее со неговиот лик Џокер на снимањето на филмот и дека поради тоа направил разни трикови за своите колеги. Еден од најбизарните бил тоа што им испраќал мртви стаорци на актерите и актерките, но сега тој демантираше дека тоа некогаш се случило.

„Се забавувавме на снимањето, но никогаш не сум ѝ дал мртов стаорец на Маргот. Напротив, ѝ дадов пециво со цимет“, рече актерот во неодамнешното интервју, пренесува Б92.

Маргот Роби во една прилика изјави дека добила црна кутија од Лето во која имало стаорец, кој сепак бил жив. Подоцна изјавила дека на почетокот ѝ било непријатно кога го видела глодарот, но дека подоцна го чувала како домашно милениче.

Слични содржини