САД и Кина се договорија за климатските прашања што ќе помогнат да се обезбеди напредок на разговорите на самитот COP28, кои ќе започнат кон крајот на месецов во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, изјави денеска американскиот претставник за климата Џон Кери.
Кери оваа недела се сретна со неговиот кинески колега Ксие Женхуа во Калифорнија, а американскиот претставник рече дека разговорите во текот на четирите дена биле тешки и сериозни, најавувајќи дека наскоро ќе ги соопшти деталите за постигнатите договори, пренесе Ројтерс.
Кери на Новиот економски форум на Блумберг во Сингапур истакна дека Кина и САД постигнале договор за прашања кои ќе помогнат да се постигне напредок во COP28 и дека двете земји ќе му помогнат на светот да се фокусира на повеќе обновливи извори на енергија.