Извештајот на Европската комисија е јасен прогрес има во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% има соодветно ниво на подготвеност, соопштуваат од СДСМ.
-Нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ДПМНЕ од 2015 или 2016 година за заробена држава, нема мешање во судската власт, нема уназадување. ЕУ го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан, велат од партијата.
Од СДСМ се децидни дека само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра. Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега.
-Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени, стои во соопштението.