Браќата Љубан и Миљан Хофман Видовиќ се уапсени во петокот во луксузен белградски ресторан во трговски центар, јавува Блиц.
Се појави и видео на кое се гледаат маскирани и вооружени припадници на Управата за криминална полиција (УКП) како упаднале во ресторанот и ги опкружуваат браќата и мажите кои биле со нив. После тоа сите биле однесени, а гостите на локалот со неверување ги гледале овие драматични сцени.
Покрај двајцата браќа, по наредба на Вишото јавно обвинителство уапсени се уште три лица.
Љубан и Миљан Хофман Видовиќ, кик-боксери, последните денови се во центарот на вниманието во БиХ и Србија по објавувањето на видеото во кое им се закануваат на сопственици на ресторани и келнери.
Ширеле страв во Босна и Херцеговина
Најпрво беше објавено видео од Љубан Видовиќ како посетува ресторани и со група непознати лица им се заканува на сопствениците во Модрича, БиХ. Подоцна се појави видео на кое се гледа како неговиот брат Миљан му удира шамар на келнер.
И двајцата се кикбоксери кои имале многу успешна кариера. Имено, тие беа европски шампиони. Во една прилика Миљан изјави дека боксот го напуштил на 22 години. Тој рече дека тогаш се обидел да биде академски граѓанин, но брзо го напуштил Медицинскиот факултет. Сепак, нивните кариери останаа во сенка на криминалните активности, пишува Klix.ba.
Во 2018 година против нив се водела постапка бидејќи во мај истата година го киднапирале Ненад Јаковљевиќ од Бјелина. Подоцна, Љубан, откако се предал, го признал делото, велејќи дека тој и неговиот брат тоа го направиле за да наплатат долг.
Окружниот суд во Бања Лука го осудил Љубан на една година затвор, но тој ја заменил со парична казна од 18.050 КМ.
Миљан беше во центарот на вниманието кога беше приватно обезбедување на извршителите кои дојдоа да ја заземат куќата на семејството Коциќ на улицата Максим Горки. Како што објавија медиумите, тој и група млади момчиња им „помагале“ на полицијата и на извршителите.
Miljan Hofman Vidović koji je prošle godine na snimku razbijao protest paora sa Vučićevim državnim sekretarom Novakom Nedećem, a danas na snimku koji je objavila Republika (portal srpskog telegrafa, SNS glasilo). Jedino što mi je logično da mu je ovo besplatna reklama za usluge pic.twitter.com/hdHXEjjcEn
— Usrana Motka (@usrana_motka) November 8, 2023
Таткото се откажал од нив
Во една прилика, додека гостуваше на телевизија Хепи, Миљан призна дека татко му преку весник се откажал од нив.
„Мисли дека сме влегле во криминални активности. Всушност, не се откажа целосно, туку ни даде услов и ако го исполниме, повторно ќе му бидеме синови“, рече Миљан и објасни дека таткото ќе ги „признае повторно ако се врателе на вистинскиот пат“.
Љубан тогаш рече дека не се точни информациите на нивниот татко дека отишле во „длабок криминал“, додавајќи дека тој бил „лошо информиран“, а Миљан објаснил дека ако се криминалци, ќе биле во затвор, а не на слобода.
„Немаме ништо лошо да кажеме за него, едноставно немаме исти цели во животот. Тој е навистина добар боксер, двократен шампион“, изјави Миљан.
Да потсетиме, на вчерашната вонредна седница на Собранието на општина Модрича беше најавено дека ќе се скрати работата на кафулињата во овој град, а најавено е и можно затворање, а сето тоа поради браќата Видовиќ.
Средбата била закажана по објавувањето на видеото на кое Љубан посетува угостителски објекти и им се закануваат на сопствениците, што, како што соопшти Општината, ги вознемирило жителите.
Постојат сите шанси оваа група на луѓе да биде помоќна во овој град од безбедносните органи, кои очигледно не можат да ги спречат. Граѓаните ќе бидат „заштитени“ од нив со затворање ресторани, што е преседан на кој досега не сме имале шанса да посведочиме, пишува Klix.ba.