Џек Николсон веќе 13 години одбива понуди за нови улоги: Негов пријател сега откри зошто

од Stefanija Kuzmanovska
472 прегледи

Актерот Џек Николсон зад себе има над 80 филмски улоги, освои три Оскари, како и бројни Златни глобуси, БАФТА награди и неколку номинации.

Двапати доби Оскар за најдобра главна машка улога, а еднаш ја доби оваа престижна награда за најдобра споредна машка улога.

Поминаа 13 години од последниот филм што го сними овој легендарен актер, а како што стојат работите веројатно нема да го гледаме во нови улоги.

Имено, долгогодишниот пријател на Николсон, Лу Адлер, гостуваше во подкастот „WTF With Marc Maron“, а кога водителот го праша како е Николсон, тој одговори:

„Мој пријател го сакаше за филм и разговараше со него. Но Џек рече: ‘Не сакам да го правам тоа. Знаеш ли што направив денес? Седев под дрво и читав книга’“.

Додаде дека актерот секогаш го правел само она што го сака.

„Тој сака да молчи. Сака да јаде што сака. Сака да живее каков што сака“, истакна Адлер, пренесува NME.

Слични содржини