Нови детали за тешката сообраќајка во Хрватска: Загина татко на две мали деца, министерот за одбрана надвор од животна опасност

од Nikola Popovski
205 прегледи

Портпаролот на хрватската Влада, Марко Милиќ соопшти дека тамошниот министер за одбрана Марио Баножиќ, кој утрово доживеа сообраќајна несреќа, е надвор од животна опасност.

„Министерот има сериозни физички повреди и според првите проценки на лекарите е надвор од животна опасност“, изјавил Милиќ.

Како што пренесува порталот „Index.hr“, до несреќата дошло кога Баножиќ заобиколувал камион, а потоа се судрил со комбе, додека на патот била спуштена магла. Како што нагласува порталот, информацијата се уште не е потврдена.

Според првичните податоци, утврдено е дека Баножиќ немал алкохол во крвта и бил сам во автомобилот. Заминал на лов и во моментот на несреќата носел ловечко одело.

Возачот на комбето кој загина кај Винковац е 40-годишен маж од Привлака. Зад себе ги оставил сопругата и двете мали деца.

Слични содржини