Лога разговарал со Хајрулаи за идните чекори во борбата против криминалот и корупцијата

од Nikola Popovski
202 прегледи

Во рамки на посетите на судовите и обвинителствата низ државата, министерот за правда, Кренар Лога, вчера во Вишото јавно обвинителство Скопје остварил средба со обвинителот Мустафа Хајрулаи, со кого разговарале за прашања поврзани со обемот на работа, недостатоците, можностите и предизвиците со кои се соочува ова обвинителство.

Според Министерството за правда, се зборувало за идните чекори поврзани со борбата против криминалот, корупцијата, како и за зголемување на ефикасноста и ефективноста на работата на јавните обвинители.

Слични содржини