371
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја коментираше политиката на ЕУ кон мигрантите. Орбан смета дека решението е секоја земја од Европската унија да ги решава проблемите со мигрантите на свој начин.
„Имавме понуда на толеранција до Брисел: секоја земја да може да се справи со миграцијата како што сака, но не може да ја принуди Унгарија да ја копира неуспешната миграциска политика на Западна Европа. Не сакаме тероризам, војни меѓу банди и мини Газа во Будимпешта“, изјавил Орбан, пренесува „Аваз“.
Да потсетиме дека Орбан во минатото забрануваше протести за поддршка на Палестинците во Унгарија, нарекувајќи ги нарече „протерористички“.