Полицајци пукале во воздух за да фатат велешанец кој почнал да бега кога бил фатен со марихуана

од Nikola Popovski
191 прегледи

Синоќа 15 минути после полноќ во Велес, од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода М.М.(29) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-Околу 00.15 часот на ул. „Вардарска“ во Велес полициски службеници од СВР Велес запреле патничко возило „пасат“ со велешки регистерски ознаки, а М.М. , кој седел на совозачкото место, се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници, при што бил испукан и еден предупредувачки куршум во воздух, соопштија од полицијата.

Исто така, во ПС Велес извршен е службен разговор и со  А.Н. (36) од Велес, кој го управувал возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.