Шефовите на дипломатиите на ЕУ и Западен Балкан утре ќе престојуваат во Брисел

од Nikola Popovski
221 прегледи

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во понеделник ќе го води состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел, на кој ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на балканските земји.

„ЕУ смета на своите идни членки за единствени одговори на актуелните геополитички предизвици преку солидарност и блиска соработка“, напишал Борел на социјалната мрежа „Х“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ најпрвин ќе разговараат за руската агресија врз Украина и за последните случувања во Ерменија и Азербејџан.

Како што е објавено на веб-страницата на надворешната служба на ЕУ, Советот на шефови на дипломатии потоа ќе размени мислења за ситуацијата во Израел и регионот и димензијата на надворешната политика на економската безбедност.

По состанокот на Советот за надворешни работи, министрите на ЕУ ќе учествуваат на министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан заедно со шесте министри за надворешни работи од регионот – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, што ќе биде предводен од Борл, се додава во соопштението.на социјалната мрежа „Х“.

Состанокот ќе започне во 17 часот и 30 минути по локално време, соопштено е во Брисел.

Слични содржини