Уште една ерупција на вулканот Етна

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Уште една ерупција на вулканот Етна се случи на Сицилија, објави весникот „Ла Сицилија“, повикувајќи се на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).

Како што се наведува, ерупцијата се случила во југоисточниот кратер на вулканот, а висината на еруптивниот столб се проценува на околу 4.500 метри надморска височина.

Сегашната фаза на ерупцијата на Етна не влијае на работата на аеродромот во сицилијанскиот град Катанија.

Етна е највисокиот активен вулкан во Европа. Во јуни 2013 година беше вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Во март 2017 година, 10 лица беа повредени за време на вулканска ерупција на Сицилија. Ерупциите на Етна често доведуваат до потреба да се затвори воздушниот простор во областа на вулканот.

Слични содржини