Протест за солидарност за народот во Палестина во сабота пред Влада

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Социјалниот центар Дуња во сабота (18.11) организира протест пред Влада за солидарност за народот во Палестина.

Во најавата за протестот велат дека протестираат против „угнетувањето и уништувањето на народот на Палестина“.

„Ги поддржуваме барањата за итен прекин на нападот над Газа и операциите во Западниот Брег.

Протестираме и го изразуваме нашиот револт против срамната и нечовечна одлука на Владата со која не ја поддржа Резолуцијата на Обединетите Нации за хуманитарен прекин на огнот.

Протестираме и бараме КРАЈ НА ОКУПАЦИЈАТА, ослободување на сите политички затвореници, враќање на бегалците во нивните домови, и постигнување на долготрајно решение за траен мир врз принципите на еднаквост, правичност и взаемно почитување. СЛОБОДА ЗА ПАЛЕСТИНА!“, се вели во најавата.

Слични содржини