Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

од Nikola Popovski
157 прегледи

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 06.11.2023 до 10.11.2023 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18), се наведува во соопштението ЈП „Водовод и канализација“.

Слични содржини