Големо враќање на Дејвид Камерон: Поранешниот премиер на Британија назначен за нов МНР

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Дејвид Камерон, поранешниот премиер на Велика Британија, е назначен за нов министер за надворешни работи во рамки на реконструкцијата на кабинетот, откако Риши Сунак, премиерот во Лондон, ја смени досегашната министерка за внатрешни работи, Суела Брејвермен.

„Дејли Телеграф“ наведува дека Камерон на тој начин се враќа на врвот на политичките настани и додава дека ваквиот развој на настаните предизвикал шок во Вестминстер.

Се вели дека назначувањето на Камерон е објавено од Даунинг стрит број 10, како и дека Џејмс Клеверли ќе биде новиот министер за внатрешни работи.

Камерон поднесе оставка од премиерската функција во 2016 година, откако британската опција за останување во Европската унија го загуби референдумот за Брегзит.

Слични содржини