Европскиот сојуз за промени ги повикува пратениците да им се приклучат, велат дека властите сакаат да му помогнат на Груевски да се врати

од Nikola Popovski
338 прегледи

Пратениците од новоформираниот Европски сојуз за промени формираа своја пратеничка група. Како што истакна лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, тие се шест на број и ги повикуваат сите кои сакаат да им се приклучат.

Според него, битно е кој каде сака да припаѓа.

-Ние сме сплотени во три партии и настојуваме да се зголемуваме. Изборот на секој е слободен и секој може да оди каде сака, рече Гаши на прес-конференција во Собранието.

За лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, крајно време е ДУИ да оди во опозиција.

-Ако порано се злоупотребуваше национализмот и се вршеше корупција во времето на Груевски, оваа влада зборува за уставни измени во име на европските интеграци и вредности – тоа е само параван. Цело време се соочуваме со коруптивни зделки. Во последно време не ни зборуваат за измени на Уставот, туку на кој начин да го изведат тоа албанската опозиција да нема свој член во ДИК. Сакаат нефер услови за избори. Иако македонската опозиција е присутна во ДИК со три членови, се прави проблем за еден член на албанската опозиција, истакна Меџити.

Тој додаде дека „властите сакаат да му помогнат на Груевски да се врати, како што му помогнале да избега“.

-Албанците сакаат промени. Потребна е унифицирана опозиција и заедничка платформа. Работиме во таа насока и ќе се приклучат и други иницијативи, кажа Меџити.

Европскиот сојуз за промени е составен од партиите БЕСА, Алтернатива и Демократско движење.

Слични содржини