Борел: Некои земји од Западен Балкан не ја следат политиката на санкции

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, пред денешната средба со министрите на земјите од Западен Балкан изјави дека одредени земји не ја почитуваат политиката на санкции на ЕУ.

На денешната средба на министрите на земјите членки на ЕУ, Борел рече дека ќе се разговара за три важни прашања.

„Ќе имаме состанок на кој ќе се разговара за три прашања. Ситуацијата во Газа, Украина и ситуацијата меѓу Ерменија и Азербејџан. Ќе се сретнеме и со министрите на земјите од Западен Балкан“, рече Борел.

После тоа, шефот на европската дипломатија посебно се осврна на разговорите со министрите на земјите од Западен Балкан.

„Ќе се сретнеме со нив за да покажеме колку ни е важен овој регион. Ќе разговараме за извештаите на Европската комисија и ќе инсистираме да ја следиме надворешната политика на Европската унија. Некои земји не се усогласени со нашата политика на санкции“, рече Борел.

Слични содржини