Од март 2024 минималната плата ќе биде 22.500 денари, најави Бектеши

од Nikola Popovski
319 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши сподели со јавноста дека од следната година минималната плата во земјава ќе изнесува 22.500 денари.

-Најниска плата во државата од март 2024 година минимум 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата за 2017 година, објави Бектеши на социјалните мрежи.

Истото пред неколку дена го најави и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Тој напомена и дека последниов месец има зголемување на цените во малопродажбата за само 1 процент, што укажува на минимална промена.

Минималната плата која во 2012 беше 8.050 денари, а во 2016 изнесуваше нешто над 10.000 денари, денес изнесува над 20.175 денари.

Според податоците од статистиката годинава просечната плата на вработените расте речиси секој месец за околу 14%. Така, таа во јануари порасна за 13,2%, во февруари за 13%, март за 12,4%, во април за 14,6%, мај за 16,1%, во јуни за 14,6%, јули за 14,1% и август за 14,2%.

Слични содржини