Унгарија и Русија потпишаа работен план за изградба на нуклеарната централа „Пакс 2“, според кој приклучувањето на новите блокови на мрежата е предвидено за почетокот на 2030 година, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Денеска го потпишавме планот за работа за наредните години и врз основа на него можам да кажам дека на почетокот на следната деценија ќе можеме да ја поврземе новата нуклеарна централа што ја градам на мрежата“, рече Сијарто на прес-конференција со првиот човек на „Росатом“, Алексеј Лихачев.
Лихачев изјави дека е уверен оти „истурањето на првиот бетон во унгарската нуклеарна централа „Пакс 2“ ќе биде завршено до крајот на 2024 година или почетокот на 2025 година, истакнувајќи дека работата е во тек.
На крајот на 2014 година Русија и Унгарија потпишаа документи за изградба на два нови енергетски блока со блокови на реактори во нуклеарната централа „Пакс“, според рускиот проект. За тој проект Москва ѝ обезбеди на Будимпешта државен заем до 10 милијарди евра, додека вкупните трошоци за работите ќе изнесуваат 12,5 милијарди евра.
Единствената нуклеарна централа во Унгарија „Пакс“ се наоѓа на 100 километри од Будимпешта и пет од градот Пакс. Таму работат четири реактори од советски тип VVER-440.
Во моментов станицата произведува речиси половина од електричната енергија во земјава, а двата нови блока двојно ќе го удвојат производството, јавува РТ Балкан.
Претходно, специјалистите на „Росатом“ соопштија дека почнале со работа на главната фаза од изградбата на нуклеарната централа „Пакс 2“ во Унгарија.