Германската полиција денеска околу 12 часот и 20 минути застрелала маж во центарот на Гумерсбах, откако тој ги нападнал пред влезот на пекара.
Како што пренесува „Билд“, полицаец испукал неколку куршуми кон напаѓачот, кој потоа паднал на земја.
Случајни минувачи го снимиле нападот со своите мобилни телефони.
На видеото се гледа дека полицајците се обиделе да го совладаат напаѓачот, но тој се оттргнал и удрил еден од полицајците.
Полициските портпароли во Гумерсбах и Келн сега потврдија дека полицаец пукал од службеното оружје, при што ранил најмалку едно лице.
#Gummersbach pic.twitter.com/FnLjpR1ilZ
— ErdKedz™V2 🐙 (@ErdkedzV2) November 14, 2023
Меѓу повредените e полицаец и лицето кое го предизвикало инцидентот.
Според информациите на „Билд“, напаѓачот наводно е осомничен крадец.
Вработен во пекарата наводно повикал полиција, по што осомничениот ги нападнал, најверојатно со нож. Беа испукани околу четири или пет истрели.
Центарот на градот во моментов е затворен, но нема опасност за населението.
Повредените се пренесени во болница.