Владата го усвои предлог-буџетот за 2024, ќе тежи 343,6 милијарди денари

од Nikola Popovski
201 прегледи

Предлог-буџетот за идната 2024 година денеска помина на владина седница. Претставниците на Владата го окарактеризираа како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост.

Расходната страна е проектирана на 343,6 милјарди денари или за 5,8 проценти повисока во однос на 2023 година.

Буџетото ќе биде поголем за 10 отсто, а буџетскиот дефицит треба да биде намален за 150 милиони евра.  Тој ќе изнесува 3,4 проценти од планираниот БДП следната година.

Буџетскиот дефицит е за околу 9,2 милјарди денари понизок во однос на 2023 година што, според Владата, ќе значи помало задолжување за 150 милиони евра.

Стапката на инфлацијата во 2024 година се очекува да се стабилизира и е проектирана на 3,6 проценти во услови на одржување на стабилно ниво на цените на енергенсите и храната на меѓународните пазари, како и понатамошно забавување на базичната инфлација.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека „Предлог-Буџетот за 2024 година е одговор на потребите и состојбата во која се наоѓа македонската економија“.

Со него се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и социјалната помош, како и подмирување на другите потреби на граѓаните и сервисирање на обврските на државата.

Министерот Фатмир Бесими рече дека следната година ќе бидат потребни за 18 отсто повеќе пари за платите во јавниот сектор поради новиот општ колективен договор.

Слични содржини