Приведен 47-годишник кој си ја силувал сопругата

од Nikola Popovski
299 прегледи

47-годишен маж од Пробиштип е уапсен откако бил пријавен дека ја силувал сопругата, информираат од МВР.

-На 13.11.2023 во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип лишиле од слобода 47-годишен маж од Пробиштип, постапувајќи по пријава дека извршил обљуба врз неговата 38-годишна сопруга, стои во полицискиот билтен.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.