Обвинителството во Истанбул бара на Нетанјаху да му се суди пред МКС за геноцид

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Обвинителството во Истанбул испратило до министерството за правда кривична пријава против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, барајќи на Нетанјаху да му се суди пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) за геноцид.

Член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и двајца адвокати поднеле кривична пријава до Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, јавува Си-Ен-Ен Турк.

Тие бараат на Нетанјаху да му се суди за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.

Слични содржини