Претстојната испорака на ловци-бомбардери Ф-16 во Киев нема суштински да го промени односот на силите во конфликтот во Украина, изјави секретарот на американските воздухопловни сили Френк Кендал.
„Мислам дека тоа ќе биде важно подобрување на потенцијалот на Украина. Не би рекол дека тоа ќе биде фактор кој суштински ја менува ситуацијата“, рече Кендал, коментирајќи ги плановите за испорака на авиони Ф-16 во Киев.
Тој исто така рече дека обуката на украинските воени пилоти за управување на ловците „добро напредува“.
„Ние тесно соработуваме со некои од нашите партнери. Во овој случај, САД до одреден степен играат помошна улога. Ние ја создадовме таа програма (за обука на украински пилоти) и сега сме во процес на нејзина брза имплементација“, изјави претставникот на американскиот воен оддел.