244
„Во 2024 година ќе обезбедиме и зелена нафта за тутунарите со 100 отсто поддршка за зелената нафта. Ова е наменска мерка која дава резултат“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Студио 10“ на ТВ24.
Тој додаде дека пред четири години се започна со мерката за зелена нафта кога се покриваа 30 отсто, минатата година 50 отсто, а од следната ќе се покриваат 100 отсто.
„Политиките на министерството се 100 отсто да ја покриеме зелената нафта за сите земјоделски производители и да ги вклучиме и тутунопроизводителите за прв пат“ рече Николовски.