Актерот Метју Пери почина на 55-годишна возраст, а многу пријатели, колеги и обожаватели останаа со скршено срце поради оваа загуба.
Познатиот актер одигра голем број забележителни улоги, а најголемата слава ја стекна како дел од славната шесторка од култната серија „Пријатели“.
По повод неговата смрт се огласи неговата колешка Лиза Кудроу која со емотивни зборови се прости од својот пријател.
„Снимање на пилот-епизодата на ‘Пријатели како нас’. Веднаш не собраа, бевме во NBC Upronts (собир во телевизиската индустрија пред почетокот на големите проекти). И тогаш… Ти предложи да играме покер и се забавувавме и веднаш се поврзавме. Ти благодарам за тоа“, започна актерката со заедничка фотографија на својот Инстаграм и додаде:
„Ти благодарам што ме смееше толку многу со она што го кажуваше што ме болеа мускулите и секој ден ми течеа солзи по лицето. Ти благодарам за твоето отворено срце за шест различни врски кои бараа компромис. И многу ‘зборување’. Ти благодарам што се појавуваше на работа кога не се чувствуваше добро, а сепак беше апсолутно брилијантен. Ти благодарам за најдобрите 10 години што може да ги има еден човек. Ти благодарам што ми веруваше. Ти благодарам за сè што научив за грациозноста и љубовта преку познавањето на тебе. Ти благодарам за времето што го имав со тебе, Метју“.