Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски информира дека надминати се 80% од замената на личните документи на граѓаните. Исто така издадена е наредба од помошникот-министер, во сите градови надвор од Скопје, веќе се работи без закажан термин – сите што ќе дојдат ќе бидат услужени.
-Засега нема проценка дека ќе има било каков проблем. Очекувам дека успешно ќе се заврши. Во Скопје, новотворениот пункт многу придонесува за голема динамика. Според проценките, во наредните месец или два можат да се завршат сите замени. Ќе работиме интензивно и секојдневно ги анализираме работите, кажа Спасовски при посетата на СВР Струмица.
Спасовски е дециден дека ќе нема казни за сите лица кои што до законскиот рок – февруари, нема да ги променат личните документи.
-Ниту еден граѓанин нема да добие казна, ниту ќе биде ускратен за остварување на било кое право во државата. Да си ги завршиме граѓанските обврски. Нема да има последици по никој, додаде министерот.