Жените кои спијат помалку од седум часа се изложени на поголем ризик од оваа сериозна болест

од Stefanija Kuzmanovska
387 прегледи

Жените кои спијат помалку од седум часа навечер се изложени на ризик да развијат дијабетес тип 2, тврди ново истражување.

Американските научници открија дека губењето на само 90 минути сон секоја вечер ја зголемува отпорноста на инсулин кај жените.

Тогаш клетките на телото не реагираат правилно на инсулинот што телото го произведува, хормонот кој го регулира шеќерот во крвта, инаку познат како гликоза. Ефектите биле уште посилни кај жените во постменопауза.

„Во текот на нивниот живот, жените се соочуваат со многу промени во нивните навики за спиење поради породувањето, одгледувањето деца и менопаузата. Во текот на долг временски период, постојаниот стрес на клетките што произведуваат инсулин може да предизвика проблем, што на крајот води до дијабетес тип 2“, вели водечкиот автор на студијата, професор Мари-Пјер Сен-Онг од Универзитетот Колумбија.

Наодите објавени во списанието Diabetes Care покажуваат дека дури и благото лишување од сон, кое трае само шест недели, предизвикува промени во телото кои го зголемуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Слични содржини