Алтернатива: Албанските училишта се празнат секој ден

од Nikola Popovski
190 прегледи

Како и секоја година, така и годинава, на 1 септември започна учебната година за сите основци и средношколци кај нас, но покрај многуте проблеми во образовниот систем, почнувајќи од недостаток на училишните објекти, негирањето на правото на учење на албански јазик за учениците од Идризово, Велес, недостаток на учебниците и многу други проблеми, и оваа година продолжи празнењето на нашите училишта од учениците во основните и средните училишта на нашата земја, велат од опозициската партија Алтернатива.

Наведуваат дека во Полошкиот регион за само 3 месеци околу 350 ученици ги напуштиле училишните клупи и се преселиле во европските земји.

-За само 3 месеци, од 10 основни училишта во Гостивар, 60 ученици побарале иселенички документ за напуштање на државата, а 40 средношколци добиле иселенички документ поради семејно обединување во странство. Покрај училиштата во Гостивар, и училиштата на општина Тетово се соочуваат со намалување на бројот на учениците, исто така поради семејно обединување во европските земји. Така, во 12 основни училишта во Тетово, 128 ученици добиле иселенички документ, а од пет средни училишта од оваа општина, 31 ученици веќе се иселиле во странство. Исто така, за само 3 месеци, 99 ученици од четири основни училишта во Тетово се отпишани токму поради преселба во странство. Овој проблем се појавува и во училиштата на општина Желино. Така, од шесте централни училишта и 11 приградски училишта, само во овој квартал се отпишани 47 ученици, кои главно направиле семејно обединување во Германија, Швајцарија, Италија, Норвешка, итн, порачуваат од партијата на Африм Гаши.

Како што истакнуваат од партијата, авторот на овој егзодус не е анонимен.

-Сето тоа е последица од 20-те години на владеењето на една албанска партија (ДУИ), која – со корупција, злоупотреба на правдата, како и со деградирање на образованието – стана причина за оваа масовна миграција на Албанците од своите домови. За жал, со години Министерството за образование и наука продолжува да го водат кадрите на оваа партија, а децата Албанци продолжуваат да ги напуштат училиштата. Како и да е, длабоко сме убедени дека на денот на изборите ќе ја добијат заслужената казна токму од оние на кои им ги одземаа соништата за иднината во земјата каде што се родени и каде што создаваа планови да остареат заедно со своите семејства, стои во партиското соопштение на Алтернатива.

Слични содржини