Зеленски: Русија подготвува државен удар во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Украина со предизвикување „хаос“ во земјата.

Во изјава за „Блумберг“, тој ја изрази својата загриженост за внатрешната стабилност и безбедност на Украина, во околностите на тековниот конфликт со Русија.

Според него, Русија подготвува операција наречена „Мајдан-3“, со цел да предизвика државен удар во Украина.

„Нашата разузнавачка служба има такви информации, кои исто така дојдоа и од нашите партнери“, рече Зеленски, пренесува „Униан“.

Терминот „Мајдан“, по централниот плоштад во Киев, се однесува на серија протести кои се одржаа во Украина во 2013-2014 година и кои доведоа до промена на власта и соборување на прорускиот поранешен претседател Виктор Јанукович.

Слични содржини