Ковачевски: Не може Бугарија наутро да биде земја-членка на ЕУ и да стави вето, а попладне да не биде членка и да стави такса од 10 евра за гасот

од Nikola Popovski
384 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Белград изјави дека Бугарија воведе незаконска такса за транспортот на гас низ нашата земја и дека ќе се искористат сите законски можности за решавање на проблемот.

Ковачевски, на новинарско прашање дали Србија, Северна Македонија и Унгарија можат да дејствуваат заедно кога станува збор за таксата за транспортот на гас, бидејќи тоа ги засега сите три земји, рече дека тоа е незаконски воведен данок кој е воведен, пред се од ЕУ.

-Сите сакаат да кажат дека тоа е такса која ја воведе Бугарија, но мора да знаеме дека таа земја е членка на ЕУ и не може таа наутро да биде земја-членка кога на пример ќе стави вето, а попладне да не биде членка и да стави такса од 10 евра. Ние ова прашање го упативме и до Софија и до Брисел, рече меѓу другото Ковачевски на заедничката прес-конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Слични содржини