Меѓународниот суд во Хаг бара од Азербејџан да гарантира безбедно враќање на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах

од Radmila Tasevska
220 прегледи

Највисокото правосудно тело на Обединетите нации- Меѓународниот суд на правдата во Хаг, денеска пресуди дека Азербејџан мора да дозволи „безбедно“ враќање на жителите на спорната територија Нагорно-Карабах, која Баку ја зазеде во септември за време на молскавична офанзива, пренесоа светските агенции.

Меѓународниот суд пресуди дека Азербејџан мора да дозволи секој оној кој сака да се врати во Нагорно-Карабах тоа да го стори „безбедно, слободно и брзо“.

По азербејџанската офанзива, речиси целото ерменско население ја напушти самопрогласената Република Нагорно Карабах, потсетуваат агенциите.

Судиите, исто така, истакнаа дека Баку мора да ја обезбеди безбедноста на Ерменците кои остануваат во енклавата како дел од вонредните мерки.

Слични содржини