„За СДСМ, најголемата политичка партија во државата, воопшто не е прашање дали изборите ќе бидат во месец мај или во месец јуни, бидејќи ние секако ќе направиме коалиција која што сигурно ќе победи на избори и која што сигурно ќе ја формира новата влада, и претседателскиот кандидат кој што ќе биде предложен од СДСМ и поддржан од европската коалиција ќе биде победник на претседателските избори кои што ќе се одржат идната година,“ рече премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.
Тој додаде дека се разговара помеѓу коалиционите партнери за модалитетот на изборите, но јасно е дека во земјава се издвојуваат два концепта, од кои едниот е европски, составен од коалиционите партнери во сегашната влада.