Пронајдени над 7.000 парчиња пиротехника, приведено лице од Мала Речица

од Vladimir Zorba
215 прегледи

На регионалниот пат од село Јажинце – Тетово, кај село Одри, вчера во 18.15 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода С.Ј.(31) од тетовското село Мала Речица.

МВР денеска соопшто дека при преглед во возилото „бмв х5“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 7123 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини