Лога го покани ВМРО-ДПМНЕ да раководат со работната група за измени на Законот за јавното обвинителство

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Министерството за правда со цел обезбедување целосна инклузивност во постапката за изготвување на Законот за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство што прозилезе како резултат од координативниот состанок одржан во министерството за правда на 15.11.2023 година на кој беа отворени и дискутирани повеќе аспекти кои се регулирани со Законот за јавното обвинителство, за кои од страна на преставниците на јавните обвинителства беше укажано дека постои потреба од нивно подобрување преку донесување на законски решенија, на 17.11.2023 година беа доставени писмени дописи до претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и до кординаторот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Следејќи ја и досегашната практика за обезбедување вклученост и на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во сите постапки за донесување на законите кои се во надлежност на министерството за правда воедно и преку доставување на работните верзии на законите кои се во постапка на подготовка во писмениот допис информираше за резултатите од одржаниот состанок имајќи предвид дека координаторот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и покрај упатената покана не присуствуваше на состанокот.

Дополнително со доставениот допис на политичката партија ВМРО ДПМНЕ и се упати можност да даде свој придонес со тоа што ќе ја предводи работата на работната група задолжена за изготвување на измените и дополнувањата на законот за јавното обвинителство преку предлагање на претседател на работна група .

И покрај фактот што до министерството за правда сеуште не е доставен никаков писмен одговор, забелешки или предлози на работните верзии на законите во надлежност на министерството за правда кои беа доставени и примени од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на 12.07.2023 година изразуваме уверување дека од нивна страна ќе биде прифатена упатената покана и во оваа насока ќе биде доставен предлог за претседател на работната група која ќе биде формирана во рамки на Министерството за правда, се вели во соопштението.

Слични содржини