Странски излагачи: Саемот „Wine Vision by Open Balkan“ е одличен, воодушевени сме

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Излагачите на саемот за вино „Wine vision by Open Balkan“, кои доаѓаат од земји кои не се членки на иницијативата Отворен Балкан, денеска за Танјуг оценија дека настанот бил организиран на највисоко ниво и дека се воодушевени од самиот саем на вино.

Иако најзастапени излагачи на винскиот саем „Wine vision by Open Balkan“ се С.Македонија, Србија и Албанија, голем број излагачи доаѓаат и од други странски земји.

Данијел Сарушиќ од хрватската винарија „Подрум Младина“ за Танјуг изјави дека Саемот на вино е врвен, на светско ниво и на исто ниво со саемот во Дизелдорф, само во помал обем.

Слични содржини