Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара брзи промени во операциите на украинската армија и најави разрешување на командантот на нејзините медицински сили. Одлуката на украинскиот претседател беше објавена вчера по неговата средба со министерот за одбрана Рустем Умеров.
Потегот на Зеленски доаѓа во време на засилена расправа за водењето на 20-месечната војна против Русија, со посебен акцент на прашањата за тоа колку брзо продолжува контраофанзивата на исток и југ.
„На денешната средба со министерот за одбрана Умеров беа утврдени приоритетите. Останува малку време да се чекаат резултатите. Потребна е брза акција за претстојните промени“, најави украинскиот лидер во своето синоќешно обраќање, пренесува „Гардијан“.
We continue to prepare for more international events next week.
The key task now is to guarantee that Ukraine maintains sufficient international support in the coming year.
I am grateful to all the counties that share our view. We must make it clear to Russia that the world… pic.twitter.com/2tOQS6KKi7
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 19, 2023
Украинската армија тврди дека напредува
Зеленски потврди дека го разрешил генерал-мајор Тетијана Осташченко од функцијата командант на медицинските сили.
„Задачата е јасна, како што е постојано нагласено во општеството, особено кај борбениот медицински персонал, ни треба фундаментално ново ниво на медицинска поддршка за нашите војници“, истакна тој.
Тврди дека тоа вклучува цела низа прашања – подобри завои, дигитализација и подобра комуникација. Умеров ја потврди промената преку апликацијата за пораки Телеграм и ги постави дигитализацијата, „тактичката медицина“ и ротацијата на услужниот персонал како врвни приоритети.
Инаку, украинската армија известува за напредок и за повторно преземање на окупираните области на исток и југ, а минатата недела објави дека нејзини војници ја презеле контролата врз областите на источниот брег на реката Дњепар во областа Херсон.