Ковачевски: ИКТ Центарот во Прилеп значи трајна инвестиција во безбедносниот систем и долгорочна заштита на податоците на граѓаните

од Nikola Popovski
234 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски денеска го посети ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп. Вкупната инвестиција е околу 11 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА програмата и со буџетски средства на Министерството за внатрешни работи.

Се работи за објект со најсофистицирана опрема, по највисоки безбедносни стандарди, што го прави овој ИКТ Центар прв од ваков вид во регионот изграден за потребите на државата.

Проектот е вреден речиси 3,4 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА програмата и дополнително буџетски средства на Министерството за внатрешни работи. Или, вкупната инвестиција до целосна функционалност на објектот изнесува 11 и пол милиони евра.

-Се работи за најсофистицирана опрема, по највисоки безбедносни стандарди, што го прави овој ИКТ Центар прв од ваков вид во регионот изграден од државна институција за потребите на државата.

Со ИКТ Центарот обезбедивме трајна инвестиција за зачувување на податоците од примарниот информатички систем во случај на можни природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор.

Како Влада сме посветени да одговориме на современите предизвици, пред се, сајбер безбедноста и злоупотребите во интернет сферата кои можат сериозно да ја загрозат националната, регионалната и меѓународната безбедност. Затоа, вложуваме во реализацијата на вакви големи проекти со коишто покажуваме дека сме во чекор со светските безбедносни трендови, рече меѓу другото премиерот.

Слични содржини