📽 ПРВА СНИМКА од работниците заробени под урнатините во тунел во Индија: Таму се веќе 9 дена

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Првата снимка од работниците затрупани за време на уривањето на тунелот во изградба пред повеќе од една недела во Индија беше објавена денеска и ги прикажува, вкупно 41, како стојат во затворен простор и комуницираат со спасувачите.

Во видеото од 30 секунди, обезбедено од властите, може да се видат работници кои носат шлемови како стојат во полукруг пред камерите, објави „Ројтерс“.

Видеото е снимено со помош на медицинска ендоскопска камера која била вметната низ цевка со дијаметар од 15 cm.

Работниците беа затрупани во тунелот долг 4,5 километри во индиската држава Утараханд, откако тој се урна на 12 ноември.

Властите соопштија дека работниците се безбедни и дека имаат доволно светлина, кислород, храна, вода и лекови. Властите не соопштија што го предизвикало уривањето на тунелот, туку дека регионот е подложен на лизгање на земјиштето, земјотреси и поплави. Акцијата за спасување ја успорува планинскиот терен.

Слични содржини