Остин: САД ќе ѝ испратат на Украина дополнителна помош во оружје во вредност од 100 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави во Киев дека Пентагон ќе ѝ испрати на Украина дополнителна помош за оружје во вредност од 100 милиони долари од постоечките американски резерви, вклучувајќи артилерија и муниција за системи за противвоздушна одбрана.

Пакетот вклучува и уште еден артилериски ракетен систем Химарс, рече Остин.

Остин истакна дека напорите на Украина да ги порази руските сили се „важни за остатокот од светот“ и дека поддршката на САД ќе продолжи „на долг рок“.

Ова го изјави Остин во понеделникот за време на ненајавената посета на Киев, објави „Гардијан“.

Во Киев, Остин се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, министерот за одбрана Рустем Умеров и началникот на Генералштабот, генерал Валериј Залужни.

Слични содржини