Украински снајперист го собори светскиот рекорд, убивајќи руски војник од далечина од 3,8 километри, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ).
Непроверената информација, која првпат се појави во украинските медиуми, за Newsweek ја потврди извор од украинските разузнавачки кругови.
Инаку, снајперистот на канадските специјални сили го држи рекордот од 2017 година, откако беше потврдено дека извршил снајперско убиство од далечина од 3.540 метри во Ирак, пренесува Index.hr.
Пред него титулата ја имаше британскиот снајперист Крег Харисон, кој во 2009 година уби талибански борец во Авганистан, погодувајќи од далечина од 2.475 метри.
„Снајперистот на СБУ постави светски рекорд. Погоди руски војник од неверојатна далечина“, соопштија од канцеларијата за медиуми на СБУ. Тие додадоа дека истрелот го надминал претходниот светски рекорд за приближно 260 метри.
Ukrainian military announces a world record long-distance kill via a sniper rifle at 3.8 kilometres (2.36 miles or 4,155 yards), made with a Ukrainian-made Volodar Obriyu rifle, a multi-caliber anti-material sniper rifle. The bullet used was a newly-developed .50 caliber round… pic.twitter.com/6DMYE3gJM6
— The STRATCOM Bureau (@OSPSF) November 19, 2023
„Снајперистите на СБУ ги менуваат правилата на светскиот снајпер, демонстрирајќи способност за ефективно работење на фантастични растојанија“, истакнаа тие. Во меѓувреме, украинските медиуми споделија снимка на која наводно е прикажан истрелот за соборување на рекордот.
Украина влегува во 21-виот месец на војна, откако Русија изврши инвазија во февруари минатата година.