Борел: Човек треба да може да го критикува Израел без да биде обвинет за антисемитизам

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Акцијата на Израел треба да може да биде критикувана без обвинувања за омраза кон Евреите, изјави во средата високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Тој зборуваше во Европскиот парламент во Стразбур по враќањето од петдневната мисија на Блискиот Исток.

Борел го осуди нападот на Хамас на 7 октомври, нарекувајќи го најголемиот масакр врз Евреите од Втората светска војна, но и она што Обединетите нации го прогласија за „хуманитарна катастрофа“ во Појасот Газа.

„Резултатот од блокадата што го спречи доаѓањето на клучните потреби е еден вид масакр“, рече шпанскиот социјалист, пренесува Хина.

„Човек треба да го признае правото на Израел да се брани, но во исто време да се налути поради тоа што им се случува на палестинските цивили“, рече Борел и нагласи дека треба да биде можно да се критикуваат политиките на Израел „без обвинувања дека се мразат Евреите“.

Слични содржини