Путин откри кој е главниот виновник што нема преговори за крај на војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
569 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е подготвена за преговори за завршување на војната во Украина, но дека Киев не сака да преговара за мир.

Како што пренесе „Ројтерс“, Путин го искористил својот говор на состанокот на Г-20 за да каже дека е неопходно да се размислува како да се запре трагедијата на конфликтот во Украина и рекол дека Русија никогаш не одбила да учествува во мировни преговори со Украина.

Во октомври минатата година, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет со кој официјално се прогласуваат за „невозможни“ какви било преговори меѓу Киев и рускиот претседател Владимир Путин, но ја остави отворена можноста за разговори со Русија.

Слични содржини