Обилен појадок наместо обилна вечера може да ја спречи дебелината и покаченото ниво на шеќер во крвта, покажуваат резултатите од неодамна завршената студија објавена во The Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism.
Студијата била спроведена на 16 мажи кои консумирале нискокалоричен појадок и висококалорична вечера, а во втората фаза од студијата го направиле обратното.
Авторот на студијата д-р Јулијан Рихтер од Универзитетот во Либек во Германија ги објаснила резултатите од студијата.
„Резултатите покажуваат дека оброкот што се јаде за време на појадокот, без оглед на количината на калории во него, произведува двојно повеќе термогенеза предизвикана од храната од истиот оброк за време на вечерата“, рече таа.
Покрај согорувањето на калориите два и пол пати побрзо кај луѓето кои јаделе висококалоричен појадок и нискокалорична вечера, покачувањето на шеќерот во крвта и концентрацијата на инсулин предизвикано од храна било намалено после појадокот во споредба со вечерата.
Резултатите откриле и поврзаност помеѓу јадењето нискокалоричен појадок и зголемениот апетит подоцна во текот на денот, особено желбата за слатки.