Тревис Келси за првпат зборуваше за врската со Тејлор Свифт: „Имав Купидон во нејзините редови“

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Пејачката Тејлор Свифт и познатиот спортист Тревис Келси веќе некое време се во среќна врска, а сега тој првпат проговори за нивната романса.

Долго време се шпекулира дали Тејлор и Тревис се во врска. Двојката долго време ја криеше својата љубов, па фановите само претпоставуваа дека има нешто меѓу нив. Редовните посети на Тејлор на натпреварите на Тревис, како и нејзината срдечна поддршка за неговиот клуб, привлекоа внимание.

По некое време тие престанаа да се кријат, а откако првпат беа видени како се бакнуваат на забава по една емисија, исчезнаа сите сомнежи дека се заедно и оттогаш оваа двојка се почесто можеме да ја видиме заедно.

Сега Тревис за првпат проговори за нивната врска. Тој раскажа како се запознале и ја започнале нивната романса, истакнувајќи дека „имал Купидон во нејзините редови“.

„Дефинитивно имаше луѓе кои таа ги знаеше и знаеја кој сум јас. Имав Купидон во нејзините редови“, изјавил Тревис во интервју за WSJ, а за Купидон дознал подоцна од самата пејачка.

Покрај ова, тој истакна дека некои членови од нејзиното семејство му помагале без да знаат.

„Веројатно ќе ме мразат што го кажав ова, но… кога дојде во Ероухед, ѝ ја доделија големата соблекувална како гардероба, а нејзините мали братучеди се сликаа пред мојот ормар“, објасни спортистот.

Многумина шпекулираа дека првиот состанок го имале на натпревар во септември, но тој откри дека се започнало порано.

„Кога ја запознав во Њујорк, веќе некако комунициравме, па знаев дека можеме да имаме убава вечера и разговор, па што биде, нека биде“, рече Келси, кој ја придружува својата девојка на концерти, а таа го придружува него на натпревари.

Слични содржини